Римац појасни дали „Невера“ е распродадена

43

На интернет се наоѓаат различни тврдења за резултатите на хрватската компанија за производство на електрични возила, па се тврди дека моделот Невера е распродаден.

По тој повод, Мате Римац, за хрватскиот портал Индекс зборуваше за работењето на неговата компанија.

“Rimac Nevera ќе биде произведен во 150 примероци. Целата серија сè уште не е распродадена, иако имаше такви гласини по недоразбирањето за време на интервјуто меѓу нашиот шеф за продажба и британски магазин за автомобили”, рече Римац.

„Невера е првиот сериски електричен хиперавтомобил, неспоредлив со другите хиперавтомобили. Иако има клиенти кои резервираат автомобил пред почетокот на производството, очекувавме дека повеќето ќе сакаат да го тестираат автомобилот“, додаде тој.

Досега бележиме најдобри продажни резултати во Европа, но тоа во голема мера зависи од маркетинг и продажните активности кои допрва треба да се направат во Азија, Блискиот Исток и поголемиот дел од Северна Америка, но и на други места во Европа. Целта е да произведуваме околу 50 автомобили годишно и веруваме дека со оглед на побарувачката што ја гледаме досега, тоа нема да биде проблем“, објаснува Римац.