Ова беше забавно… И интензивно, напиша Мате Римац на Фејсбук со две фотографии на кои откри дека се сретнал со Илон Маск во Њујорк.
Фотографиите не откриваат многу, освен дека дуото имало можност да размени идеи и мислења за време на вечерата, а можеби и да разговара за тоа чиј електричен автомобил е побрз – Невера на Римац или Тесла на Маск.
Но, затоа има најразлични коментари. И додека некои коментираа дека оваа фотографија ќе му остане во сеќавање на Маск до крајот на животот, други му честитаа на Римац за средбата и прашаа за што разговарале.
Маск сè уште не ја одбележал оваа средба на социјалните мрежи, но не би изненадило ако го видиме на отворањето на кампусот на Римац.