Римац: Странците не ви ја одземаат работата, ве учат на она што не го знаете

205

Мате Римац, хрватски претприемач и сопственик на Rimac Automobili, вели дека странците никогаш не ги преземаат “нашите работни места“, туку носат знаење и искуство што не постои овде.

Тој објави дел од соопштението на Facebook за неговите нови колеги во компанијата. Вработените во неговата компанија редовно се информираат за новите колеги кои се ангажирани, а овојпат Римац изјави дека тројца од нив го привлекле вниманието.

Еден од нив е Италијанец кој се преселил во Хрватска поради работа, а другите двајца се Хрвати кои се вратиле од Холандија и Германија.

“Една од моите цели од самиот почеток беше да покажам дека е можно да се успее во Хрватска, да се отворат работни места овде, да се привлечат таленти од целиот свет и да се даде можност на хрватската дијаспора поради која вреди да се врати“, напиша Римац. 

Минатиот месец компанијата вработила 50 нови лица.

“Важно е да не се заборави – странците никогаш не ни ја земаат работата, туку носат знаење и искуство што не постои овде, помагајќи ни да бидеме подобра компанија, да растеме побрзо, па дури и да создадеме повеќе работни места за локалното население“, истакна тој. Според него, знаењето во компанијата се шири многу побрзо отколку на кој било универзитет.

Фото: Facebook