Rimac Technology влезе во партнерство со првиот бренд на електрични возила во Саудиска Арабија

111

Rimac Technology, производител на батериски системи и системи за електричен погон за светските производители на автомобили, влезе во партнерство со првиот бренд за електрични возила (EV) во Саудиска Арабија, Ceer.

За нив, наведуваат во соопштението, ќе произведат високи перформанси, целосно интегрирани електрични погонски системи за претстојната серија на електрични возила Ceer во нивниот погон во Загреб на целосно нова автоматизирана производна линија.

„Задоволни сме што сме првата компанија и голем проект во земјите од Персискиот залив што ќе соработува со Rimac Technology во опремувањето на возилата од моделот Ceer со најнапредните системи за електричен погон. Глобалната репутација и експертизата на Rimac во дизајнот на електричниот погон совршено се вклопуваат со нашите стратешки цели за партнерство со глобалните лидери за испорака на премиум електрични возила и револуција во автомобилската индустрија во Саудиска Арабија“, рече Џејмс ДеЛука, извршен директор на Ceer.

Партнерството со Ceer, кое е поддржано од Фондот за јавни инвестиции (PIF) и Hon Hai Precision Industry Co. (Foxconn), го означува понатамошниот развој на бизнисот на Rimac Technology од производство на технологија со високи перформанси во ограничени количини, вклучувајќи проекти како што се Rimac Nevera, Pininfarina Battista, Aston Martin Valkyrie и Koenigsegg Regera, до големи проекти, како што се партнерства со Порше, БМВ и ова за Ceer.

На почетокот на оваа година, Rimac Technology најави соработка со BMW Group за развој и производство на батериски системи за идните модели на BMW и потпиша договори за дополнителни проекти со европските производители на автомобили.

Последната соработка со Ceer претставува дополнително зголемување на производствената гама на Rimac Technology, со фокус на електричните погонски системи.

Фото: rimac