Римац се пофали: Германскиот министер за финансии возеше Невера

52

Мате Римац на социјалните мрежи се пофали дека германскиот министер за финансии Кристијан Линдер возел Невера.

„Германскиот министер за финансии ја возеше Невера.

Според она што го слушам, возел со полн гас на напуштен аеродром во Берлин“, напиша Римац.

Линдер сподели фотографии од Невера на својот Инстаграм профил.

Тој го пофалил возилото и напишал дека за две секунди достигнува брзина од 100 километри на час.