РКЕ: Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

74

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС- 95 и Еуросупер БС -98 се намалуваат за 0,50 денари за литар, и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС- 95 изнесува 76,50 денари за литар, а Еуросупер БС -98 изнесува 78,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизел се зголемува за 1,00 денари за литар и изнесува 73,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари за литар и изнесува 73,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,424 ден/кг,  и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,941 ден/кг.