РКЕ: Бензините поевтинуваат, дизелот со иста цена

145

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 102,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 104,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле определени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт
од 11.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 100,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 98,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 50,903 ден/кг