РКЕ: Дизелот поскапува од полноќ

111

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле определени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.06.2022 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОСУПЕР БС-95
изнесува 111,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 113,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 105,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 56,317 ден/кг.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 109,50 ден/лит.