РКЕ донесе нова одлука за цените на горивата

154

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,660 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува
45,962 ден/кг.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 91,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 93,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 88,00 ден/лит.