РКЕ ги објави новите цени -Поскапува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра леснотомасло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените
деривати и горива за транспорт од 27.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 90,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 100,50 ден/лит, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 97,00 ден/лит и на Мазутот М-1 НС изнесува 49,483 ден/кг.