РКЕ: Горивата поскапуваат

69

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива
за транспорт од 15.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,50 ден/лит, додека малопродажната цена
на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 67,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,551 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,433 ден/кг