РКЕ: Горивата поскапуваат

129

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС95 и ЕУРОСУПЕР БС98, на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.12.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 77,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 65,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) изнесува 65,50 ден/лит.


Малопродажната цена на Мазутот М1 НС се зголемува за 0,850 денар/килограм, во однос намалопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.12.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М1 НС изнесува 40,210 ден/кг.