РКЕ: Од вечер на полноќ поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-98

117

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 94,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 93,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 91,00 ден/лит и малопродажната цена на
Мазутот М-1 НС изнесува 53,343 ден/кг.