РКЕ одлучи: Парното поскапува за 14,18%

74

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски денеска соопшти дека цената на парното греење во најголемата топлинска мрежа во Скопје поскапува за 14,18%.

Единствена причина за зголемувањето е драстичното зголемување на цената на природниот гас, која е за 10 пати повисока од цената во изминатиот период, информира Бислимовски на прес-конференција.

Новата цена на парното во Скопје ќе важи од 1 август годинава.