РКЕ: Поевтинуваат бензините и дизелот

178

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 04.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,267 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 44,019 ден/кг.