РКЕ: Поскапува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 90,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 100,50 ден/лит, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 97,00 ден/лит и на Мазутот М-1 НС изнесува 49,483
ден/кг.