РКЕ: Се намалува цената на дизелот, бензините ќе се точат по иста цена

132

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно останува на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР
БС-98 изнесува 92,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,848 ден/кг.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-), се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.05.2022 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 85,00 ден/лит.