РКЕ: Се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство, бензините ќе се точат по иста цена

173

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 3,00ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 90,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/лит,
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 95,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,473 ден/кг..