РКЕ: Се зголемува цената на бензините

160

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)
и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 91,00 ден/лит, малопродажната
цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 87,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 49,768 ден/кг.