РКЕ со нова одлука: Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува, се намалува цената на екстра лесното масло

224

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 94,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 93,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на
највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 90,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 99,00 ден/лит и на Мазутот М-1 НС изнесува 50,067 ден/кг.