РКЕ со нова одлука: Поскап бензин и екстра лесно масло, мазутот поевтинува

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива
за транспорт од 05.01.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.01.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува
64,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,668 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.01.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,133 ден/кг.

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 70,50 ден/лит (+0,50)

  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 72,50 ден/лит (+0,50)

  • ЕУРОДИЗЕЛ: 64,50 ден/лит (0,00)

  • Екстра лесно масло: 64,50 ден/лит (+0,50)

  • Мазут М-1 НС: 32,133 ден/кг (-0,668)