РКЕ со нова одлука – поскапува дизелот

80

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле определени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 110,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 112,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 55,508 ден/кг.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 104,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 102,50 ден/лит.