РКЕ: Цените на бензините и нафтата остануваат исти

77

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле определени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените
деривати и горива за транспорт од 04.07.2022 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 108,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 110,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 103,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 102,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,078 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 52,649 ден/кг.