Роаминг како дома:Црна Гора и Албанија влегуваат во ЕУ роаминг

Во јуни следната година, односно непосредно пред следната туристичка сезона, две земји од Западен Балкан – Црна Гора и Албанија – ќе се приклучат на заедничкиот пазар кога станува збор за телекомуникациските трошоци.

Во нив, од тогаш треба да започне примената на заедничките правила за „роаминг како дома“ на Европската Унија, односно да им се овозможи на нивните граѓани да остваруваат телефонски повици низ цела ЕУ по исти цени како и во нивната матична земја.

Овој месец, споменатите земји, заедно со Северна Македонија и Молдавија, се приклучија на европскиот систем за финансиски трансакции SEPA, што значително ќе го забрза и ќе ги направи меѓународните плаќања во рамките на земјите-членки на ЕУ значително побрзи и поевтини за нивните граѓани.

Покрај горенаведените, другите земји од Западен Балкан – Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија – како и Украина, би можеле да се приклучат на единствениот пазар за роаминг  следната година, пренесе Сеебиз.