Робот мие чинии во ресторани

49

Dishcraft роботски старт-ап со седиште во Калифорнија претстави робот што мие чинии во ресторани. Со оглед на тоа дека оваа работа не е една од омилените и многу малку се плаќа, основачот Линда Пулио смета дека токму еден ваков робот може да ја “спаси ситуацијата“.

Неговата намена е за места каде треба да се измие поголема количина на валкани садови, односно за комерцијани кујни.

Чиниите прво се ставаат на определено место, во специјална количка што потоа се носи кај роботот. Тој ги мие со вода и четка, ги врти од двете страни и тоа само за неколку секунди.

Камери опремени со вештачка интелигенција ги скенираат чиниите да се види дали некаде е потребно дополнително миење пред да бидат наредени на место.

Роботот може да се користи и во поголеми компании коишто можат да го инсталираат во нивните кујни или да ја искористат услугата што стартапот ја нуди, миење надвор од работното место.

Dishcraft се уште нема одредено цена на роботот.