Робот што игра кошарка “еден на еден” против човек на Саемот за техника во Белград

22

saem bgОд 12 до 16 мај на Белградскиот саем ќе се одржи 58 Меѓународен саем на техника и технички достигнувања, на кој ќе се претстават преку 100 техничко – технолошки новитети и иновации, меѓу кои и робот што игра кошарка.

Институтот Михајло Пупин ќе го претстави својот подвижен роботизиран соларен електро – генератор, ќе биде демонстриран робот за чистење на вентилација, робот за заварување, како и други индустриски роботи и еден кој игра “еден на еден” против човек.

На оваа саемска манифестација, меѓу најголемите во регионот, ќе бидат претставени техничко – технолошките достигнувања во скоро сите стопански гранки кои се сметаат за стратешки за денешната економија и најавената реиндустријализација, јавуваат српските медиуми. На саемот со слоган Чекор во иднината ќе бидат прикажани достигнувањата во автоматиката и процесната техника, електроенергетика, електроника, телекомуникации, климатизација, греење и ладење, логистика, материјали, сообраќај…