Робот што прави чевли по мерка за шест минути

51

robot

Фото: YouTube

Американската компанија Keen Footwear создаде робот што може да прави чевли на било кое место во било кое време.

Uneekbot е развиен во соработка со компанијата House of Design, специјализирана за изработка на единствени решенија за автоматизација. Uneekbot се состои од две роботски раце, неколку посебно дизајнирани додатоци и таблет преку којшто корисниците може да го започнат и завршат процесот на изработка на чевли.

Кога ќе се вклучат, двете раце на роботот работат истовремено, а изработката на пар чевли трае шест минути. Луѓето на крај го проверуваат квалитетот на изработените сандали. Роботот создава помалку отпад и штетни гасови, пишува Digital Trends.