Робот што се движи како растение во тешко достапни места

27

robo

Фото: YouTube

Научници од калифорнискиот универзитет Stanford развија робот што може да се движи како винова лоза, а можноста да достигне до тесни и далечни простори може да се искористи за пребарување, спасување и медицински цели.

“Опремен со камера и сензори, роботот може да се “извлекува“ и да пристапи до тешко достапни места. Ова е нов облик на движење и допрва ќе откриваме за што сè ќе може да се користи“, вели професорката по механички инженеринг, Алисон Окамура.

Растенијата се адаптираат на околината на паметен начин и може да се “пробиваат“ и низ тешки материјали (како камен или цигла). Токму тие им послужиле како инспирација на научниците да направат мек и флексибилен робот што ќе го имитира нивното движење.

Според текстот објавен во магазинот Science Robotics, овој робот може да се зголеми до 1.000 пати поголема должина од оригиналната и може да помогне во ситуации коишто бараат движење низ тесни простори и медицински асистенции.