Робот – специјалист за берење малини

92

Фото: Pixabay

Професор по роботика од Универзитетот Плимут осмисли робот чија специјалност е берење малини и за еден ден може да набере 25.000 малини, додека еден човек може да набере максимум 15.000 плодови, пишува Phys.

Роботот користи техника на машинско учење за да ги идентификува зрелите малини и за таа корист користи камери и сензори. Штом забележи зрела малина, неговите штипки го фаќаат и го берат, а потоа го става во корпа. Роботот би можел да бере по една малина на секои 10 секунди и тоа 20 часа дневно.

Технологијата за развој на овој робот чини околу 900.000 долари и планирано е да се развијат нови способности на овој “работник“.

Комерцијалното производство на роботот би требало да почне во 2020 година, но засега не се знае по која цена ќе се продава.