Робот учи да готви гледајќи видеа на YouTube

70

robot gotvi ilustracija

Тим од американски и австралиски научници создадоа алгоритми преку кои робот може да извршува задачи, следејќи ги човечките активности. Тврдат дека го научиле нивниот робот да готви со помош на видео снимки од YouTube, пишува Russia Today.

Научниците од Универзитетот Мериленд и од Истражувачкиот центар NICTA од Австралија го “учат“ нивниот робот на deep learning – метод на вештачка интелигенција.

Таканаречениот AI робот учи да готви преку 88 различни видео снимки од луѓе кои готват.

Роботот добива голем опсег на информации, без оглед на тоа дали станува збор за видео снимки или слики, ги сумира податоците и го “освежува“ стекнатото искуство. Се користат техники што му помагаат на роботот да препознаваат различни објекти, а може дури и да предвидува акции што следуваат.