Робот учи почетници да танцуваат професионално

40

igra

Фото: Pixabay

Научници од Универзитетот Тохоку во Јапонија направија робот – инструктор којшто е дизајниран да ги научи луѓето да танцуваат, пишува New Scientist.

Роботот е висок 1,8 метри и се движи на тркала, а горниот дел од телото симулира движење како човек. На него се поставени сензори коишто ги следат движењата на учениците и тие податоци се споредуваат со податоците кои се земени од професионални танчери. Кога ученикот прави грешка роботот го предупредува.

Диего Гранадос од Универзитетот Тохоку вели дека направиле робот што ќе ги учи кандидатите полесно да ги совладаат танцувачките техники. Тој, исто така, вели овој робот би можел да се користи и за рехабилитација на пациенти или за спортски тренинзи.

При тестирањето на роботот се покажало дека пет од шест волонтери кои никогаш не играле валцер покажале подобрување. Во друга група роботот не бил програмиран да се прилагодува на волонтерите и четири од нив не покажале напредок.