Робот vs работник

33

Роботизацијата е тренд што го следат многу производни капацитети во светот. Според Меѓународната федерација на роботика, во 2016 година, во различни индустриски капацитети биле инсталирани 74 роботи на 10.000 работници, а оваа година тој удел се зголемува на 113 роботи.

Азија, според анализата на Statista, е лидер по бројот на роботи вклучени во производните процеси и тоа 118 на 10.000 работници, додека во Европа уделот е 114, а во САД 103 роботи на 10.000 вработени.

Во 2019 година, во Јужна Кореја имаше 855 индустриски роботи на 10.000 вработени, што ја става земјата на врвот во светски рамки. Меѓу земјите во коишто роботиката силни продре во фабриките се и: Јапонија (364 роботи на 10.000 вработени), Германија (346), Шведска (277) и САД (228).

Фото: Pixabay