Центарот за роботика на Универзитетот во Сиднеј, Австралија, направи неколкугодишна студија за два робота со висина од 1,5 метри, коишто би можеле да ги утврдат најдобрите локации за поставување на пчелни кошници со цел остварување поголеми приходи, пишува Fruitnet.com.
Роботите се тестираат на фарми за бадеми, јаболка, авокадо, банани и слично, со роботи коишто се моментално ангажирани. При тестирањето се користат камери, ласери и софтвер за да се создаде серија на алгоритми за препознавање на плодовите.
“Ова е многу возбудливо откритие бидејќи технологијата мошне брзо ќе им помогне на земјоделците да ги препознаат проблемите како што е недостатокот од опрашување и да го решат што е можно поскоро“, вели Џон Лојд од Hort Innovation, компанијата за којашто е направена студијата.
Роботите можат да ги откријат варијациите на приноси коишто се резултат на недостигот од опрашување. Тие можат да ги идентификуваат плодовите со стапка на точност од 60% до 90%, во зависност од сончевата светлина и покриеност со листови.