Роботи ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Токио?

33

roboti fudbal

Јапонија се обидува на Олимписките игри во 2020 година, што ќе се одржат во Токио, да организира и натпревари на роботи.

“Во 2020 година би сакал да ги видам роботите од сите земји во светот и нивните креатори да се натпреваруваат во технички дисциплини“, изјави премиерот на Јапонија, Шинзо Абе.

Тој смета дека јапонската индустрија на роботи би можела неколкукратно да се зголеми и да достигне вредност од околу 24 милијарди долари, а наскоро ќе биде основан и државен совет кој би требало да помогне “револуцијата на роботите да го забрза економскиот раст на Јапонија“.

Оваа идеја не е прво натпреварување на роботи, бидејќи во Кина во 2010 година беше организиран ваков натпревар, додека редовно се организираат настани како што се Robo World Cup, Robo Games и DARPA Robotics Challengde.