Роботи менуваат гуми двојно побрзо од луѓето – што ќе се случи со вулканизерите? (ВИДЕО)

94

Една од работите во која робот ќе може да замени човек е менување гуми на автомобил.

Роботите за менување тркала на автомобили користат вештачка интелигенција и имаат способност да учат и да ги развиваат своите вештини, исто како и човекот.

Овие роботи се веќе во функција и комерцијално се користат во Америка. Произведено од RoboTire од Мичиген, потребни се 23 минути за да се сменат комплет тркала на едно возило.

Звучи како многу, но според производителот е двојно побрз од специјализиран работник кој ја врши истата операција.

RoboTire користи две манипулативни „раце“ со шест зглобови, по еден за секоја страна. Ова се компонентите што се користат на производните линии за склопување на делови во автомобилската индустрија.

Целиот систем е управуван од вештачка интелигенција. Камерата го снима тркалото, ја одредува неговата положба, како и растојанието помеѓу завртките. Потоа, роботот ги олабавува завртките и го отстранува тркалото.

Системот сè уште бара човечки надзор и бара техничар да го пренесе тркалото на уредот, на кој компјутерот веќе ги пренел информациите за големината и видот на гумата.

Крајната цел е целиот систем за менување гуми да биде целосно автономен.

Иако цената на системот не е објавена, од компанијата RoboTire велат дека со оглед на зголемената продуктивност и намалените трошоци за работна сила, враќањето на инвестицијата се очекува по една година.