Роботи полицајци ќе патролираат во Дубаи

57

policaec

Фото: YouTube Screenshot

Роботи полицајци беа научна фантазија, но наскоро вакви полицајци ќе патролираат на улиците во Дубаи, пишува Telegraph. Додека филмскиот RoboCop од 1987 година гонеше тешки криминалци, новата верзија на вистинскиот полицаец робот е предвидено да казнува помали прекршители на законот.

Првиот полицаец робот во Обединетите Арапски Емирати ќе биде во служба од мај оваа година, потврдуваат од полицијата во Дубаи. Граѓаните ќе може да пријавуваат прекршоци кај роботот на повеќе јазици, користејќи екран на допир.

Пријателските роботи кои се поздравуваат и ракуваат, исто така, ќе се користат за граѓаните да можат да платат сообраќајни казни и доставување на документација.

Полицијата на Дубаи лани го претстави прототипот на робот, а до 2030 година планираат 25% од своите сили да ги заменат со роботи.