Почетна Новости Роботи самостојно чистат плевел

Роботи самостојно чистат плевел

101

FarmWise Labs, старт – ап од САД, заедно со автомобилската компанија Roush ќе создаваат автономни машини – роботи што сами ќе плеват трева од засадени површини.

Двете компании ќе соработуваат во создавање на прототипот и доколку се покаже успешен ќе се произведат поголем број на машини од следната година, пишува Engadget.

Ова ќе им заштеди време на земјоделците, а роботите ќе можат да работат деноноќно и ќе се движат низ различен тип на растенија без да направат штета.

Многу земји веќе имаат вклучено сличен тип на автономни машини во земјоделието што се покажале како ефикасни, односно придонеле да се намали јазот помеѓу понудата и побарувачката.

Фото: Youtube