Роботите ќе заменат 20 милиони работни позиции во фабриките до 2030 година

20

Според анализата на Oxford Economics до 2030 година роботите ќе заменат околу 20 милиони работници во фабриките во светски рамки.

Дури и луѓето кои ќе побараат алтернативна работа на слични позиции како услужен сектор исто така можат да бидат заменети со автоматизација, пишува BBC.

Сепак, зголемената автоматизација ќе го придонесе за економскиот раст и нови работни позиции, се вели во извештајот.

Во помалку развиените земји, односно онаму каде недостасува квалификуван кадар промените ќе бидат позначителни, односно роботите во поголема мера ќе ги заменат луѓето.

Производствениот процес ќе биде најмногу на “мета“, а предвидувањата се дека во Кина ќе има најголем процент на роботи што ќе ги заменат работниците. Оние професии што се репетитивни се најподложни на автоматизација, додека работните позиции каде што се бара креативност и меки вештини уште долго време ќе бидат извршувани од луѓе.

Од 2000-та година па наваму, околу 1,7 милиони фабрички работници веќе ја загубиле својата работа на сметка на роботите. Од нив 400.000 биле од европските земји, 260.000 од САД и 550.000 од Кина.

Фото: Pixabay