Овој роботизиран куфер, зад чиј дизајн стои стартапот Nua Robotics, користи посебна апликација којашто преку Bluetooth се поврзува со мобилниот уред на корисникот и го следи секој негов чекор.
“Секој предмет може да биде паметен и роботизиран. Нашата цел е да ги внесеме роботите во секојдневниот живот“, вели Алекс Либман, претседател и соосновач на Nua Robotics, за Mashable.
Во софтверот на куферот има мала сензор – камера, како и аларм против кражби. Роботизираниот куфер, што сè уште е во фаза на прототип, на корисникот ќе му овозможи и да си го наполни мобилниот телефон, лап топ или таблет.