Роботот Cujo на Google на пробно тестирање со американските маринци

36

robot vojnik

Роботот познат по прекарот Cujo го имаше првото пробно тестирање во воени цели, јавува Daily Mail.

Овој робот, што е во сопственост на компанијата Google, го направи првиот тест со американските маринци на Хаваите. Тој им е од особена помош на војниците бидејќи се движи мошне брзо, за него воопшто не се проблем ниту тешко достапните места, ниту пак тежината на товарот што ќе ја носи. Роботот во чекор го следи војникот и ги извршува наредбите што ќе ги добие.

Војникот Брендон Дикман имаше за задача во текот на пробното тестирање да ја следи секоја активност на роботот, по што беше пријатно изненаден од неговите перформанси и ефикасност.

robot

“Изборот кој да биде војникот што ќе го следи беше случаен, но може тоа сум токму јас бидејќи носам очила…Многу сум пријатно изненаден од тоа како функционира“, вели Дикман.

Минатата година Google ја купи компанијата Boston Dynamics, која уште од 2003 година почна да работи на создавање на овој робот, заедно со британскиот произведувач на роботи Фостер – Милер, лабораторијата на НАСА и Харвард.

cujo