Роботски систем може да испечати 3D куќа за 14 часа

46

3d

Фото: YouTube

Научниците од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) развија роботски систем што може да испечати 3D куќа за 14 часа. Роботскиот систем вклучува возило, роботска рака и оддел за подготовка на материјалот. Кога ќе се донесе на локацијата за градење 3D печатачот прецизно ги поставува слоевите бетон и изолациски материјали, пишува Cnet.

Тимот го тестираше системот печатејќи ја основната структура на ѕидовите во висина од 15 метри и дијаметар од 3,65 метри.

“Целта е во иднина да се направи нешто сосема автономно, што ќе може да се испрати на Месечината, Марс или Антарктикот и ќе ги изгради куќите“, вели еден од креаторите на проектот Стивен Китинг.

Неодамна компанијата Apis Cor, специјализирана за 3D печатење, за 24 часа изгради куќа во Русија со помош на 3D печатач.