Роботско одело што ќе им помага на луѓе кои имаат проблеми со движење

37

superflex

Американскиот старт – ап Superflex работи на развој на специјално роботско одело, коешто ќе им помогне на луѓето кои имаат проблеми со движењето.

Технологијата првобитно беше развиена од SRI International, (организација што се занимава со истражување и развој на технологија и иновации) како дел од програмата за намалување на повредите на војниците кои подигнуваат тежок товар.

Рич Махони, кој претходно беше директор во SRI International, пред една година ја напушти работата и го формира стартапот Superflex. Од компанијата соопштија дека оваа недела подигнале 9,6 милиони долари од инвеститори, пишува Bloomberg.

Роботското одело е опремено со бројни сензори и компјутер којшто ја следи положбата и движењето на телото, брзо ги обработува податоците и овозможува моторна асистенција кога личноста ќе стане од стол, седне, подигнува раце и слично.

Се очекува ова одело да биде успешно прифатено во САД, каде бројот на луѓе постари од 65 години од 48 милиони да се зголеми на 88 милиони во следните 30 години.

Роботското одело ќе биде пуштено во продажба во 2018 година.