Roche за 1,8 милијарди долари презема американска дијагностичка компанија

28

Швајцарската фармацевтска компанија Roche одвојува 1,8 милијарда долари за купување на американската компанија GenMark Diagnostics.

Roche одвојува по 24,05 долари по акција, како и премија од 43% на акциите на американската дијагностичка компанија од 10-ти февруари. Се очекува трансакцијата да биде целосно реализирана во второто тримесечје од оваа година.

GenMark спроведува таканаречени синдромски панел тестови за да може во исто време да се откријат повеќе патогени одговорни за респираторни болести како што се воспаление на бели дробови или опасна сепса, подрачје што Roche се обидува да го покрие за да може да биде конкуренција на француски bioMerieux.

Пазарот на такви тестови во 2019 година беше 800 милиони долари годишно, а се очекува да бележи раст од 20% секоја година и да достигне две милијарди долари за три години.

GenMark сега има пазарен удел од 7%, а преку Roche се очекува значително подобрување на позицијата на пазарот.

Фото: Facebook