Родителите го избркале од дома, спиел на улица, а сега е сопственик на компанија и милионер

254

Таихеи Кобајаши премина од спиење на улиците во Токио до водење технолошки старт – ап проценет на милијарда долари.

Неговата приказна за богатење е една од најневеројатните. Компанијата на Кобајаши им помага на стартапите и другите компании да дизајнираат и да создадат нов производ, излезе на берза во јули и оттогаш нејзината вредност на акциите е тројно зголемена, што никој не можеше да го замисли пред 20 години.

Кобајаши објаснува дека неговите родители го избркале од куќата кога имал 17 години и кога заминал од престижно средно училиште за да се фокусира на музиката што ја направил со неговиот бенд, пишува Bloomberg. Тој свиреше преку ден, а ноќите ги минувал на улица користејќи картонски кутии за да се загрее во ладните зимски ноќи. Така живеел така година и пол.

Низа средби го тргнаа од улицата, а некои од луѓето што ги запознал му помогнаа да дојде до интервју за работа. Наскоро тој стана еден од основачите на компанијата Sun од Виетнам во 2012 година и сега е нејзин шеф.

На 19-годишна возраст, менаџерот на еден клуб се сожалил и му понудил работа и место за спиење во клубот, a таму бил шест години пред да одлучи дека е време да продолжи понатаму. Прво заработил пари тргувајќи со музика преку интернет, а потоа наишол на оглас за вработување во кој не биле потребни квалификации, само требал да положи тест.

По шестчасовно тестирање на знаење по прашања од математика, логика и IQ прашања, Кобајаши бил примен во компанијата и стана програмер. Таму го запознал Макот Хираи, еден од основачите на компанијата Sun. Тие сфатија дека има многу луѓе кои се добри програмери, но не многу од нив знаат како да развијат деловен модел за некого. Кобајаши се пресели во Виетнам во 2012 година за да најде соработници.

Со текот на годините, компанијата го разви својот бизнис и сега има повеќе од 70 клиенти, и тие сè повеќе соработуваат со големи компании. 

“Зимите беа студени“, вели 37-годишниот Кобајаши и се сеќава дека имало денови кога сè изгледало како пекол. Тој објаснува дека неговите родители не можеле да се помират со фактот дека тој сака да го наушти средното училиште, затоа што тие направиле планови за него што вклучува и факултет.

“Ми рекоа да заминам, па затоа заминав, сакав да го работам она што го сакав во животот“, вели тој.

Фото: Facebook