Родителите, хронично болните и оние на продолжено породилно, од 23 септември се враќаат на работа

57

Владата на Република Северна Македонија на денешната 4-та седница ги разгледа и усвои заклучоците на Главниот координативен кризен штаб донесувајќи соодветни одлуки, соопшти владината прес-служба.

Се укинува мерката за ослободување од работни обврски за хорнично болни лица, за родителите на деца до десетгодишна возраст, а се укинува и продолженото породилно отсуство.Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на влошување и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување, согласно соодветниот правилник од Фондот за здравствено осигурување.

Од 23 септември на работа да се вратат и лицата се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство. Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење на редовно породилно отсуство, истите да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи веднаш по истекот на породилното отсуство“, информираат од Владата.