ROGO ролеркостер ресторан во Абу Даби

81

169848Во луксузниот трговски центар Yas Mall во Абу Даби се отвори ресторан кој работи малку поинаку од останатите. Станува збор за ресторанот ROGO кој зафаќа површина од 1.300 метри квадратни и каде храната и пијалоците се транспортираат од кујната до гостите преку 30 ролеркостер ленти.

Гостите избираат од менито преку таблети и потоа гледаат како нивните јадења полека пристигнуваат од кујната низ системот на подвижни ленти.

Најголема атракција во ROGO, кој брои вкупно 360 седишта, е гигантската спирала во форма на торнадо која се стеснува кон крајот.

Секоја од порциите се носи во посебни тенџериња, а на целиот процес најмногу се радуваат децата кои со нетрпение чекаат нивното јадење да пристигне на масата.

Освен во Абу Даби, матичната компанија има свои ресторани и во Германија, Кувајт и Сочи во Русија.

Abu Dhabi DoppelloopingMAINRoller-Coaster---Abu-Dhabiroller-coaster-restaurant-abu-dhabi