Rolls-Royce до 2020 година планира да направи брод без екипаж

46

Компанијата Rolls-Royce планира да направи брод без екипаж до 2020 година со што ќе се намалат трошоците за транспорт за 20%, пишува Sky News.

Потпретседателот на компанијата, Оскар Левандер вели дека прво ќе развијат реморкер (брод влекач) и фериботи, а потоа товарни бродови што ќе пловат во меѓународни води.

“Изградбата ќе започне во неколку земји кои пред почетокот на работите ќе дадат дозвола за пловење на вакви бродови“, вели Левандер.

Големите бродски компании се надеваат дека ваквата технологија ќе ги зголеми нивните профити, но синдикатите се загрижени за работниците.

Креаторите од Rolls-Royce тврдат дека автономните бродови ќе бидат побезбедни од останатите и дека ќе се зголеми бројот на работни места на копно.