Rolls-Royce го претстави ексклузивниот Boat Tail

31

Кабриолетот Rolls-Royce Boat Tail е нов ексклузивен автомобил кој се одликува со врвно ниво на персонализација и луксуз во серија од само три планирани единици.

Компанијата објави дека третиот клиент, кога го нарачал автомобилот  испорачал четири бисерни школки како инспирација за бојата на каросеријата. Рачно изработениот Boat Tail има уникатен заден дел кој Rolls-Royce го нарекува „задна палуба“, а предниот дел е „пантеонска“ маска излеана од едно парче алуминиум.

Кабината е обложена со кожа во боја коњак и остриги и обложена со орев, а на централната конзола има детали од розово злато со часовник обезбеден од клиент од неговата голема колекција.

Кај автомобилот долг 5,8 метри нема механички промени. Возилото користи модифицирана верзија на алуминиумската тубуларна шасија на Phantom, а под хаубата се наоѓа истиот V12 мотор од 6,75 литри.

Rolls-Royce не објави податоци за перформансите, но познато е дека овој агрегат во Phantom произведува 545 КС и 900 Nm, кои би требало да обезбедат забрзување од 0-100 км/ч за околу 5,3 секунди.

Boat Tail чини 22 милиони фунти, а автомобилот ќе биде премиерно прикажан на настанот за ексклузивни модели Concorso d’Eleganza во Италија.