Rolls-Royce го разви најбрзиот електричен авион на светот (ВИДЕО)

32

Rolls-Royce објави дека го развил најбрзиот целосно електричен авион на светот.

Машината достигнува максимална брзина од повеќе од 622 километри на час.

За време на тестовите, Spirit of Innovation го собори постоечкиот рекорд за најбрз целосно електричен авион, достигнувајќи максимална брзина од 555 километри на час на растојание од 3 километри, се вели во соопштението на Rolls-Royce.

Авионот постигна брзина од 531 км/ч за 15 километри на уште еден тест, соборувајќи го овој рекорд. Компанијата исто така соопшти дека машината се искачила на височина од 3.000 метри за 202 секунди, што е уште еден рекорд.

Rolls-Royce веќе ги обезбеди податоците за сертификација, известува T + L.

Од компанијата истакнуваат дека технологијата на батерии е слична на онаа што ќе се користи во воздушните такси во иднина.

Иако може да потрае некое време пред да се изврши трансатлантски лет со целосно електричен авион, првиот целосно електричен комерцијален лет во светот полета од Ванкувер во 2019 година, превезувајќи патници во хидроавион со шест седишта.

Во меѓувреме, големите авиокомпании ветија дека ќе ги намалат емисиите на јаглерод во последниве години, а „British Airways“ имаше целосно јаглеродно неутрален патнички лет од Лондон до Глазгов во септември.