Романија: Еден метар кубен дрва достигнува цена и до 130 евра

134

drva-za-greenje-pixabay

Фото: Pixabay

Просечната цена на еден метар кубен дрва во Романија оваа година се движи од 65 до 130 евра, пишува Romania Insider.

Цената на овој огревен материјал во 2011 година во земјата во просек се движеше околу 26 евра. Податоците покажуваат дека просечната цена на огревното дрво во Романија од 2011 до 2017 година е зголемена за 250%.

Високите цени на огревното дрво, како и на суровините во индустријата за производство на мебел, се должат на недостигот од овој природен ресурс.

Во Романија околу 3,5 милиони домаќинства во текот на зимскиот период се греат на дрва.